Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер Марсело пристигна пред 12 години во Реал Мадрид и стана еден од најдобрите дефанзивци во светот, но сезонава го загуби местото во првиот тим. Една од причините за тоа се проблемите со повреди, а втората е лошиот однос со тренерот Сантијаго Солари.
Светските медиуми пишуваат дека Бразилецот ќе тргне по стапките на поранешниот соиграч Кристијано Роналдо, кој и претходно го повика Марсело во Јувентус, па очигледно тоа ќе се случи наредното лето.
Интересна изјава даде и агентот на Николас Таљафико од Ајакс, кој кажа дека левиот бек е голема желба на „кралевите“ и тие на крајот на сезоната сакаат да го ангажираат. Неговиот агент Рикардо Шлипе потврди дека поради тоа Марсело ќе го напушти Мадрид.
„Ексклузивно можам да кажам дека Марсело е нов фудбалер на Јувентус и двете страни се имаат договорено. Ме повикаа од Реал и побараа да почнеме преговори за Николас, зашто им треба нов лев бек на крајот на сезоната“, вели агентот.