Помина и последниот рок за продолжување на договорот на капитенот:Јунајтед дефинитивно останува без…


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Истече и последниот рок за продолжување на договорот на Антонио Валенсија со Манчестер Јунајтед.

Со тоа се потврдија зборовите на Солскјер кој претходно денес објави дека не верува дека Валенсија ќе биде фудбалер на клубот и следната сезона.

Денес во 18:00 часот беше последниот рок за да се продолжи договорот на Еквадорецот за една година, но тоа не се случи.

Се очекува 33 годишниот фудбалер да си замине од клубот по крајот на оваа сезона, а веќе се споменуваат клубовите кои се заинтересирани за него.