Мурињо проговори за евентуалното враќање во Ла Лига


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Жозе Мурињо истакна дека е поласкан од написите во медиумите кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид.

„Што се однесува до зборовите на Хавиер Тебас, претседателот на лигата, се чувствувам поласкано затоа што смета дека би можел да донесам нешто во неговата лига“ –коментираше Мурињо во интервју за „БеИн Спортс“.

Во јавноста се шпекулира дека наскоро Мурињо би можел да се врати во Реал Мадрид откако клубот западна во тешка криза.