Пандев испиша историја: Среќен сум, ова е голем успех за мене!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Горан Пандев, кој пред неколку дена стана Италијанец, успеа денеска да испише историја, откако го одигра 400 меч во италијанската Серија А.

Пандев настапи во денешниот меч против Фросиноне (0-0), па така влезе во малото друштво странци, кои стигнале до таков успех.

„Ова е големо нешто за мене. Среќен сум и им се заблагодарувам на клубовите и тренерите кои ми помогнаа во тоа, но секако сакав да прославам со три освоени бодови денеска. Жал ни е, во второто полувреме имавме шанси, но не постигнавме гол. Знаевме дека се незгоден противник и не ни беше воопшто лесно. Сега ќе се обидеме да ја победиме Парма и да ги израдуваме навивачите“, вели Пандев.