Навивачите му се смееја: Фудбалерот на Ден Хаг го промаши невозможното

Фудбалерот на Утрехт кој моментално се наоѓа на позајмица во Ден Хаг, Џовани Трупе прописно се обрука на натпреварот против Де Графшап.

Средбата заврши со резултат 1-1, а можеше да биде подруго доколку десниот бек на Ден Хаг реагираше малку подобро во ситуацијата кога можеше да постигне погодок.

Тој на средината на првото полувреме, при резултат 0-0 имаше прилика да шутира на празен гол од три или четири метри, но успеа топката да ја испрати далеку преку голот.

Не е ни чудо што после промашувањето можеше да се види и смеа од трибините. Оваа ситуацијата можете да ја погледнете на 4:14.