Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед игра како преродено под водство на Оле Гунар Солскјер, па сега тие се во борба за третата позиција, а по триумфот против Саутемптон со 3-2 се случил непријатен инцидент во соблекувалната.
Пол Погба промаши пенал во финишот од мечот, па Ромелу Лукаку му се налутил, зашто имаше шанса за хет-трик, но Французинот не му дозволи да шутира.
По мечот нервозата се пренела во соблекувалната, каде што Лукаку тргнал да се тепа со Погба, но Солскјер успеал да ги смири на крајот.
Лукаку го потсетил Погба како му помагал додека бил во немилост кај Жозе Мурињо, а тоа го „запалило“ Французинот, кој реагирал бесно, по што почнала жестоката расправија.
Интересно е тоа што тие двајца се добри пријатели, па често одат на одмори заедно.