Марсело се сели во Јувентус? Бразилецот со моќна порака ги реши дилемите за иднината! (ФОТО)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Светските медиуми шпекулираат дека Марсело ќе замине од Реал Мадрид, а Бразилецот реши да напише кратка и моќна порака на социјалните мрежи.

Новинарот на „Ла Стампа“ вчера објави дека Бразилецот се договорил со Јувентус на четиригодишен договор за кој ќе добие 12 милиони евра.

Фудбалерот секогаш го задржуваше својот став дека не сака да го напушти Реал Мадрид, клуб со кој има договор до 2022 година.

„Ова е мојот дом“, напиша Марсело со фотографија од тренингот на Реал на Инстаграм и така ги прекина шпекулациите за неговата иднина.

Сепак, шпанските медиуми сметаат дека Марсело на крајот на сезоната ќе замине во Торино. Наводно, Кристијано Роналдо разговарал со него и го убедивл да му се приклучи, а втора причина е тоа што седи на клупата на „кралевите“ во последно време.

Долгогодишниот член на Реал тешко ја поднесува одлуката на тренерот Сантијаго Солари да седи на клупата, па поради тоа разговарал и со директорите на Реал, но засега ништо не се промени, па така беше и на клупта против Ајакс во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони (1-4).

 

View this post on Instagram

 

Training ⚽️☀️ #M12 #HalaMadrid AQUÍ ES MI CASA!

A post shared by Marcelo Vieira Jr. (@marcelotwelve) on