Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прославениот холандски тренер Луј Ван Гал реши да стави крај на својата богата кариера. Тој од 2016 година и заминување од Манчестер јунајтед никаде нема работено, иако имаше голем број понуди.
Ван Гал конечната одлука ја донесе по разговор со неговата сопруга, на која ветил дека ќе се пензионира кога ќе има 55 години, но тоа го направи дури 12 години подоцна.
„Готово е, во пензија сум. Немам амбиција повеќе да бидам било каков директор, тренер или телевизиски експерт. Мојата сопруга се пензионираше пред 22 години за да биде секогаш со мене. Ветив дека ќе се повлечам кога ќе наполнам 55 години. Не можам понатаму“, вели Ван Гал.
Холанѓанецот доби многу честитки од голем број фудбалери, меѓу кои и Маркус Рашфорд, кој како 18-годишно момче дебитираше во Манчестер јунајтед.
„Ви благодарам што ми ја отворивте вратата и верувавте во мене. Уживајте во пензијата, шефе“, порача Рашфорд.
Ван Гал во богатата кариера ги предводеше Манчестер јунајтед, Баерн Минхен, АЗ Алкмар, Барселона, Ајакс и репрезентацијата на Холандија, а притоа освои 20 трофеи.
Louis Van Gaal announces his retirement from the benches.
· Ajax (1991-1997).
· FC Barcelona (1997-2000 and 2002-2003).
· Netherland (2000-2001/2012-2014).
· Holland Sub20 (2001).
· AZ Alkmaar (2005-2009).
· Bayern (2009-2011).
· Man Utd (2014-2016).– 899 games, 20 titles. pic.twitter.com/OdpNqxSxYy
— cloughismo (@cloughismo1) March 11, 2019