Историја на Антовски и Динамо Загреб: Го елиминираа Ливерпул и се пласираа во четвртфиналето на младинската Лига на шампиони


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Младинскиот фудбалски репрезентативец на Македонија, Филип Антовски одигра одличен натпревар за неговиот Динамо Загреб против Ливерпул во рамките од осминафиналето од младинската Лигата на шампиони.

Хрватскиот претставник го елиминираше големиот Ливерпул по подобро изведување на пеналите откако во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1.

Ова е втора победа по пенали на Динамо Загреб откако во претходното коло го елиминираа тимот на Локомотив Москва по пенал рулетот.

Антовски по трансферот од Вардар во Динамо е стандарден во таборот на „Модрите“ во младинската Лига на шампиони.