Доаѓањето на Зидан сигурно значи крај за еден фудбалер на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот весник „АС“ Пренесува дека Зинедин Зидан веќе се фатил за работа и почнал да го крои тимот за следната сезона.

Стратегот кој донесе историски успеси на „Бернабе“ веќе пречкртал неколку фудбалери, а меѓу нив прв кој ќе добие „шут карта“ ќе биде Герет Бејл.

Велшанецот воопшто не се снаоѓа во Мадрид, а оваа сезона дефинитивно е најлошата во неговата кариера. Бејл често се наоѓа на мета и на навивачите кои не му простуваат за катастрофалните перформанси.

Се верува дека Манчестер Јунајтед и Тотенхем се заинтересирани за неговите услуги, но и двата клуба не сакаат да платат блиску 100 милиони евра колку што бара Реал Мадрид.