Кутињо не е сигурен околу неговата иднина во Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фелипе Кутињо не даде конкретен одговор на прашањето дали ќе остане во Барселона, само потенцираше дека се надева дека ќе понуди повеќе за клубот во слендиот период.

Се шпекулира дека поранешниот член на Ливерпул би можел да се врати во Премиер лигата во шокантен трансфер на „Олд Трафорд“, а по натпреварот со Лион во кој постигна гол Кутињо имаше што да каже.

„Во последните неколку недели, па и месеци, не играм баш најдобро, но јас сакам да напредувам. Дојдов во Барселона за да го дадам најдоброто. Живеам за моментот, во иднина никој не знае што ќе се случи“- истакна Кутињо за шпанската телевизиска станица „Мувистар“.