По Ди Франческо, следен на излезна врата од Рома е Мончи…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рома следната сезона ќе влезе со големи промени.

Откако од клубот замина Еузебио Ди Франческо, по неговите чекори се насочи и спортскиот директор Мончи.

На клупата на Римјаните пристигна „пожарникарот“, Клаудиио Раниери кој ќе биде тука до крајот на сезоната кога клубот би требало да постави долгорочно решение.

Во меѓувреме се работи и на засилување на спортскиот директор во внатрешноста на клубот, па местото на Мончи би можел да го преземе Џанлука Петраки.

Италијанецот е спортски директор на Торино веќе десет години, тој е човек од доверба а за „Биковите“ е врзан со договор до 2020. година.

Контактите се веќе воспоставени, но засега не е познат одговорот на Петраки.