ПСЖ со соопштение за санкциите за „лошото момче“: Не се грижи за ништо и станува „Ѓавол“…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Судбината на Адријен Рабио во ПСЖ е решена.

Французинот не сакаше да го продолжи договорот со матичниот клуб, па на „Паркот на принцовите“ одлучија да го елиминираат од првиот тим и го испратија на трибините.

Сега играчот за врска се соочува и со казна. „Светците“ го суспендираа до 27. март поради тоа што веднаш по елиминацијата од Манчестер Јунајтед замина во ноќен клуб.

И не само тоа, му се замерува и што го „лајкнал“ видеото на Патрис Евра кој со Пол Сколс ја слави победата на Јунајтед на трибините.

Преговорите на Рабио и Барселона пропаднаа, ја отфрли можноста да се пресели во Лондон и да заигра во Тотенхем, а според најновите информации тој би можел да го задолжи дресот токму на Манчестер Јунајтед.

Претставниците на „Црвените ѓаволи“ и ирачите се состанаа веќе неколкупати, одреден чекор е направен, па до неговиот потпис не би требало да се чека уште долго.