„Ова е навистина срамно! Не можам да верувам што ни направи Сколс…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс ја изненади управата на Олдам, зашто реши да си поднесе оставка.

Сколс го имаше првиот посериозен предизвик во кариерата, но траеше само 31 ден и управата остана без зборови, откако легендарниот фудбалер им испратил порака на „ВатсАп“.

Претседателот на Олдам, Абдалах Лемсагам кажа дека е разочаран со начинот на кој Сколс го напуштил тимот.

„Разочаран сум поради одлуката на Сколс да си замине од клубот и изненаден сум поради причините во неговата изјава“, кажа претседателот на Олдам.

Но, вистинските причини се појавија во јавност и тоа дополнително го налути раководството на клубот.

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер отворено му понуди на Сколс да биде дел од неговиот стручен штаб, а најверојатно тоа и ќе се случи.

„Не можам да верувам дека направи такво нешто. Измисли причини за заминување, а можеше да каже за то се подготвува. Беше тука еден месец и побегна штом му се отвори подобра шанса“, кажа Абдалах.