Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Горан Пандев имаше одличен настап за Џенова против Јувентус и буквално го „нокауитраше“ италијанскиот гигант со една асистенција и еден погодок.
Пандев не го почна мечот против „Старата дама“ од првата минути, но тоа воопшто не претставуваше проблем, па потегот на тренерот на Џенова да го пушти македонскиот репрезентативец во игра ептен му се исплатеше.
Напаѓачот по влегувањето веднаш му асистираше на Стефано Стураро, кој погоди за водство од 1-0, а потоа Пандев стрелаше и ги постави конечните 2-0 за Џенова.
„Ова е неверојатно чувство. Навивачите ни дадоа голема поддршка, а во моментот кога го постигнав погодокот, чувствував како целиот стадион се тресе“, вели Пандев.
Инаку, тоа за македонскиот напаѓач беше трет гол во италијанската Серија А сезонава.