Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многу големи имиња се поврзуваат со Реал Мадрид откако во клубот се врати тренерот кој донесе историја во клубот, Зинедин Зидан.
Зизу се врати и веќе почна да се крои тимот со кој Реал Мадрид ќе се претстави на сцената од следната сезона, во која планира да се бори за трофеите на сите фронтови.
„Франс Фудбал“ пренесува дека Зидан му „наредил“ на претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез во летниот преоден рок да му го донесе фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане.
Мане е неизоставен дел од екипата на Јирген Клоп, која сезонава се бори за титулите во Лигата на шампиони и Премиерлигата, па германскиот тренер ќе сака да го задржи одличниот фудбалер и во наредната сезона, но никогаш не се знае.
Мане има договор со „црвените“ до 2023 година, а сезонава постигна дури 17 погодоци, па тоа доволно зборува за неговиот квалитет.
Според светските медиуми, доколку Реал Мадрид сака да го донесе во своите редови, тогаш ќе мора да издвојат минимум 100 милиони евра за неговите услуги.
Сенегалецот пристигна на „Енфилд“ во 2016 година од Саутемптон за повеќе од 41 милион евра, а во моментов заработува по осум милиони евра годишно во дресот на Ливерпул.
Да потсетиме, Реал Мадрид покажа интерес и за уште неколку ѕвезди од Премиерлигата, меѓу кои се Еден Азар од Челси, како и Кристијан Ериксен, но и Хари Кејн од Тотенхем.