Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарската јавност е во шок, откако синоќа заработи тешка повреда босанскиот кошаркар Јусуф Нуркиќ во мечот меѓу Портланд и Бруклин.
Нуркиќ играше еден од најдобрите натпревари против Бруклин, зашто имаше 32 поени и 16 скокови, но ја скрши ногата.
Центарот на Портланд сакаше да освои скок во напад, но незгодно скокна и веднаш му пукна ногата.
Портланд се огласи по повредата и порача дека сезоната е завршена за Нуркиќ, кој во моментов е на операција и не е познато колку ќе отсуствува.
„Нема точни информации кога ќе се врати на теренот, а колку ќе трае рехабилитацијата ќе се знае по операцијата. Познато е само дека Нуркиќ нема да игра до крајот на сезоната“, порачаа од Портланд.
Нуркиќ сезонава беше фантастичен и во просек по меч имаше 15,6 поени, 10,4 скокови, 3,2 асистенции.