Дена Вајт се огласи по пензионирањето на Мекгрегор (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Конор Мекгрегор реши да се повлече од УФЦ и да се пензионира, па ги шокираше своите фанови, кои не очекуваа такво нешто од него, туку се надеваа на нов спектакл.

По неговата одлука да се пензионира од спортот, се огласи и првиот човек на УФЦ, Дена Вајт.

„Мислам дека има пари за да се пензионира, а неговото виски е одлично на пазарот. Иам смисла. Да сум на негово место и јас би се повлекол. Тој се повлекува од тепањето, но не и од бизнисот. Виските ќе го исполнува, а сигурен сум дека има и други работи на кои работи“, вели Вајт.

Да потсетиме, Мекгрегор и во 2016 година реши да се повлече, кога заглавија преговорите за реваншот со Нејт Дијаз, но на крајот се бореше само еден месец подоцна. Освен тоа, воопшто не е тајна дека со него тешко се преговара.