Ајакс со господски потег ја воодушеви светската јавност!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ајакс летово ќе остане без неколку првотимци, откако Френки де Јонг потпиша со Барселона, а од клубот се очекува да замине и Матијас де Лихт.

Овој 19-годишен фудбалер го привлече интересот на европските гиганти, а според информациите на светските медиуми Де Лихт ќе потпише договор со Барселона, која е подготвена да понуди 60 милиони евра за него.

Секако, денеска се појавија и шпекулации дека постои шанса да заигра во Баерн Минхен од наредната сезона, но тоа не е чудно, зашто за него се заинтересирани уште Реал Мадрид, ПСЖ…

Во секој случај, клубот од Амстердам решил да направи господски потег, па му соопштила на дефанзивецот дека сам ќе одлучи за својата иднина.

Останува да видиме за кој клуб ќе се реши младиот дефанзивец, а сигурно ќе има тешка одлука за да го избере наредниот клуб во кариерата.