Раководството на „сините“ попушти: Челси ја одреди цената за Хадсон-Одои!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Една од најголемите желби на навивачите на Челси е младиот Калум Хадсон-Одои да добие важна улога во екипата, а не минутажа на помалку важни натпревари.

Челси наводно минатата зима одбил три понуди од Баерн за својата млада ѕвезда, која Баварците ја гледаат како замена за Франк Рибери или Арјен Робен.

Слабата минутажа не го спречи селекторот на Англија да го повика Хадсон-Одои во селекцијата, а  тоа не ги спречи ниту гигантите да прашуваат за неговата цена.

Челси не е заинтересиран да го продаде, па се шпекулираше дека ќе му понуди голема плата, но очигледно раководството почнало да попушта и сега има нови шпекулации дека ќе го пуштат Англичанецот да замине за сума од 50 милиони евра.

Предност ќе имаат клубовите, кои не се директни конкуренти на Челси во Премиерлигата.