Меси: Луѓето зборуваат лаги за мене и ме нарекуваат ку*вин син!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Ѕвездата на Барселона и Аргентина, Лионел Меси имаше интервју за аргентинските медиуми, па зборуваше за тоа што му се случува во татковината, а едно од главните прашања беше состојбата во репрезентацијата на Аргентина.

Меси зборуваше на различни теми и ги одговараше прашањата на новинарите, а некои од нив беа многу интересни.

„Многу лаги се кажуваат за мене, а луѓето веруваат во тоа. Тие мислат дека не сум бил повреден, а јас не играв ниту за мојот клуб. Тоа е неверојатно. На крајот жал ми е поради моето семејство, кое страда поради тие лаги. Ме нарекуваат ку*вин син. Сакам да освојам некој трофеј со Аргентина. Мојот син ме прашува зошто ме критикуваат во Аргентина, но јас сум професионалец“, објаснува Аргентинецот.

Сите очекуваат од Меси да биде предводник на аргентинската селекција и да ја предводи до многу трофеи, па така да оправда зошто го сметаат многумина за еден од најдобрите фудбалери во историјата.