Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличниот финиш на Дејан Манасков при голот против Спортинг Лисабон во реваншот од осминафиналето од Лигата на шампиони е прогласена за најдобар гол во реваншите од елитното натпреварување.
Македонскиот ракометар беше стрелец на четири погодоци за Веспрем во триумфот од 34-29, а голот, кој го постигна од зад грб заслужено се најде на врвот на листата и ја победи останата конкуренција.
Македонскиот репрезентативец има солидни настапи за својата екипа, па речиси на секој натпревар се запишува во листата на стрелци.
Меѓу најдобрите 5 имаше место и за ракометарот на Вардар, Данил Шишкарев, од реваншот против Загреб.
Да потсетиме, во четвртфиналето Вардар ќе игра против Пик Сегет.