Бизарно: Навивач прослави титула со – черепот на дедо му! (ВИДЕО)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Фудбалерите на Рејсинг со реми против Тигре (1-1) ја освоија 18. титула во шампионатот на Аргентина во клупската историја, а некои навивачи на бизарен начин ја прославија титулата.

Големата прослава на Рејсинг, која подоцна беше пренесена на улиците на Буенос Аирес пред повеќе илјади навивачи со огномет, не ја расипа ниту израмнувачкиот погодок на Тигре во 94. минута.

Навивачите се радуваа секој на свој начин, а еден бизарен, откако го ископал черепот на дедо му и така ја прослави титулата.

Тој потоа на телевизија објасни дека решил да го направи тоа што дедо му најмногу го сакал, а тоа е прослава на шампионска титула.