Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваат дека Лацио уште покажува интерес за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, за кого беа заинтересирани уште неколку италијански клубови.
Елмас ги импресионираше сите со неговите настапи за Фенербахче и за македонската репрезентацијата, па поради тоа не чуди тоа што интересот за неговите услуги е огромен.
Лацио, наводно, испратил понуда од 15.5 милиони евра за неговите услуги, иако Фенербахче соопштиле дека не го пуштаат Елмас за малку од 20 милиони евра.
Токму поставената сума од страна на турскиот клуб е проблем за калчолигашите, но тоа нема да го спречи Лацио да понуди малку помала понуда и да се обиде да се договори со Фенербахче.