Де Лихт ги следи стапките на Де Јонг: Барселона добива ново засилување!?


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Раководството на Барселона е пред реализација на трансферот на дефанзивецот на Ајакс, Матијас де Лихт.

Каталонците имаат намера да купат еден од најдобрите холанѓански фудбалери пред да почнат натпреварите од четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Во исто време, клубот од Каталонија не планира да испрати поголема понуда од 60 милиони евра, зашто и Де Лихт покажа интерес да се пресели во Барселона.

Каталонците веруваат дека Ајакс ќе мора да го продаде фудбалерот и да му ја исполни желбата на фудбалерот ипокрај фактот дека другите клубови би можеле да испратат побогата понуда за дефанзивецот.

Овој 23-годишен фудбалер ја почна кариерата во Ајакс, а сезонава одигра 26 натпревари во првенството и постигна два гола и една асистенција.