Гатузо во проблеми: Донарума нема да игра против Јувентус!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума очигледно долго време ќе биде надвор од теренот. Донарума во мечот кој „росонерите“ го играат против Удинезе замина од теренот со солзи на лицето уште во 12. минута.

Италијанските медиуми пишуваат дека чуварот на мрежата на Милан ќе биде надвор од теренот неколку недели.

Медиуми пишуваат дека станува збор за повреда на бутниот мускул, поради кој Донарума ќе пропушти неколку важни натпревари на Милан, од кој првиот ќе биде против Јувентус во сабота.

Од друга страна, Лукаш Пакета, кој исто така се повреди синоќа, ќе мора да има дополнителни прегледи на десниот зглоб.

Што се однесува до Андреа Конти, тој речиси сигурно ќе го пропушти мечот против Јувентус, а не играше ниту против Удинезе.