Зидан во дилема: Навас сака да остане во Мадрид, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас не бранеше во мечот против Уеска, а не се прослави ниту против Валенсија, кога прими два гола во поразот со 1-2.

Навас ќе добие шанса до крајот на сезоната, како и останатите фудбалери, да го убедат тренерот дека заслужуваат да го носат дресот на „кралскиот клуб“ и во наредната сезона, а доколку не се случи тоа, тогаш ќе си заминат од Мадрид.

Искусниот голман призна дека сака да остане во Реал, но знае дека ќе мора да го убеди Зидан дека ја заслужува неговата доверба и дека заслужува да остане прв избор меѓу стативите.

„Јас ќе се обидам да го убедам тренерот дека сакам да останам во клубот. Не знам што ќе се случи, но мора да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин. Ако ми каже Зидан да си одам, тогаш тоа ќе биде негова одлука и јас нема да можам да влијаам на тоа“, објаснува Костариканецот.