Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Лигт се огласи.
Каталонскиот великан Барселона важи за најголемиот фаворит кога е во прашање трансферот на холандскиот дефанзивец Матијас Де Лигт од редовите на Ајакс.
Често се пишува за тоа како 19 годишниот штопер веќе ја избрал Барселона како свој нов тим и покрај тоа што во своите редови го посакуваат и Јувентус, Баерн, Реал Мадрид…
Тој после силните поврзувања и шпекулации во врска со Барселона одлучи да проговори, а посебно го напомена пишувањето на весникот Мундо Депортиво.
„Веќе одредено време пишуваат за мене. Велат дека сум новиот играч на Барселона, а јас сеуште сум во Ајакс. Очигледно е дека немаат добри информации“, рече Де Лигт и на тоа се надоврза:
„Не работам на моето заминување. Апсолутно ништо не се случува и фокусиран сум на завршувањето на оваа сезона“, изјави Де Лигт.
Цената на младиот фудбалер е повисока од 60 милиони евра, а Каталонците наводно се спремни да му понудат сума која му ја понудиле и на Френки Дејонг, чија плата изнесува 16 милиони евра за една сезона.