Навивачите на Реал збеснаа: Модриќ добива навреди како никогаш досега!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид во минатото коло во шпанската Ла Лига загуби на гостувањето на „Металја“ против Валенсија со 1-2, а играта на „кралевите“ воопшто не беше добра, па навивачите збеснаа поради тоа и ги критикуваа фудбалерите.

По завршувањето на мечот најмногу критики поради очајната игра доби хрватскиот фудбалер Лука Модриќ.

„Модриќ беше закочен во средината на Реал, немоќен да ја запре Валенсија. Хрватот остана во сенка на Дани Парехо. Модриќго допре дното на почетокот на второто полувреме кога чиста топка испрати во аут“, напиша „ЕСПН“.

Навивачите на Реал беа многу жестоки. На социјалните мрежи удрија по хрватскиот фудбалер, па може да кажеме дека Модриќ никогаш не добивал вакви навреди.

„Очајни, очајни настапи на Модриќ, еден по друг… Никој тоа не го гледа, сите го обвинуваат Крос, дали сте слепи… Треба да го продадеме… Не е во состојба да го предводи тимот ниту против Валенсија… Одете до канта за отпадоци и проверете дали таму е Модриќ“, пишуваат навивачите.