Елмас има амбициозни планови: Сакам да играм во Реал Мадрид или Барселона, а мој сон е „Златната топка“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапува одлично за турскиот гигант Фенербахче, па поради тоа привлече голем интерес од многу европски гиганти, меѓу кои се Реал Мадрид и Лацио, а според неговото интервју за турските медиуми може да се заклучи дека има амбициозни планови.

Елмас сака во иднина да го облече дресот на Реал Мадрид или Барселона, а исто така планира во наредните 4-5 години да ја освои и „Златната топка“.

„Сакам да бидам најдобар во Фенербахче. Мојата цел е да заиграм во Реал Мадрид или Барселона во наредните четири или пет години. Исто така, сакам да ја освојам и ‘Златната топка’. Имам големи соништа и цели за мојата иднина“, вели македонскиот репрезентативец.