Пол Погба само под еден услов останува во Манчестер Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пол Погба игра во одлична форма по заминувањето на Жозе Мурињо и доаѓањето на Оле Гунар Солскјер во Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ беа во извонредна серија од позитивни резултати која неодамна беше прекината со двата порази од Вулверхемптон како и едниот од Арсенал.

Норвежанецот полека се подготвува за следната сезона, а како главна фигура во неговиот тим се истакнува Пол Погба. Меѓутоа, за Французинот постои сериозен интерес од Реал Мадрид кој сака да го види во своите редови уште од летниот преоден рок.

Според „Мирор“ Погба ќе остане само ако му ги зголемат примањата и само ако добие плата од околу 450.000 фунти неделно со што би станал најплатен фудбалер на клубот. Во моментов Алексис Санчез е најплатен фудбалер на Манчестер Јунајтед со 350.00 фунти неделна плата.