Навивачите се разочарани: Бејл беше „изгор скапа“ инвестиција на Реал Мадрид


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Герет Бејл во 2013 година се пресели од Тотенхем во Реал Мадрид за 101 милион евра. Тој за шпанскиот тим поради проблеми со повреди одигра само 225 натпревари за „кралевите“.

Многумина сметаа дека Бејл ќе се врати во форма, но тој сезонава игра катастрофално, поради што доби голем број критики од навивачите, а тоа продолжи и во последниот меч на „кралевите“.

„АС“ пишува дека Бејл досега го чинел Реал вкупно 236 милиони евра. Покрај 101 милион евра за трансфер, тука се платите и останатите бонуси на репрезентативецот на Велс.

Најдобрата сезона Бејл ја имаше веднаш по пристигнувањето во Реал кога постигна 22 голови во 44 натпревари, а најлоша беше 2016/17 кога одигра 27 натпревари и постигна девет голови.

Бејл имаше своја заслуга за освојувањето на четири трофеи во Лигата на шампиони, како и освојување на титула во Ла Лига, шпанскиот Куп и три УЕФА Суперкупа, но мора да се признае дека тоа го чинеше многу скапо.