Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден навивач на Фулам, кој живее во Калифорнија, го тужеше државниот одел на сојузната држава, зашто му забраниле да ги има буквите „COYW“ на регистерската табличка на автомобилот, зашто се плашеле од слоганот „Дојдете белци“ и имало расистички основа.
Навивачите на англискиот клуб ја користат таа кратенка во цел поддршка на својот клуб, но очигледно за Американците таа има различно значење.
Универзитетскиот професор Џоната Котлер остана во шок со одлуката да му се забрани кратенката на регистерските таблички.
„Тоа е само бојата на дресот на мојот омилен клуб, луѓе! Ниту најмала врска нема со расизмот“, вели професорот.
Овој 73-годишен навивач, кој е роден во Њу Џерси, денес живее во Калабас во Калифорнија и како професор предава медиумски закон на Универзитетот во Јужна Калифорнија.