Јувентус води во трката за потписот на францускиот репрезентативец од Лион

Францускиот весник „Л’Екип“ пренесува дека Јувентус води во битката по потписот на фудбалерот на Лион, Тангуј Ндомбеле.

Талентираниот фудбалер од средниот ред со своите одлични настапи минатата сезона и оваа година го привлече вниманието на неколку европски гиганти, а „Л’Екип“ пренесува дека Јуве ќе го добие неговиот потпис.

За Тангуј Ндомбеле сериозен интерес има и од екипите на Пари Сен Жермен, Ливерпул, Манчестер Сити и Челси, а во последно се зборува дека и Јунајтед би можел да стори обиди да го ангажира во своите редови.