Лацио се потсети на волејот на Пандев против Рома (ВИДЕО)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев играше во неколку италијански клубови, а успешно го носеше дресот на почетокот на Лацио.

Пандев во Рим, во дресот на Лацио помина пет години и навивачите засекогаш ќе ги паметат неговите настапи за екипата.

Официјалниот твитер-профил на Лацио денеска објави видео од големата победа со 4-2 против Рома од пред неколку години, кога стрелец на еден од погодоците беше токму македонскиот репрезентативец.

Тогаш стрелци во победата на Лацио беа Пандев, Зарате, Лихштајнер и Коларов, а тоа е една од победите кои ќе ги паметат навивачите на клубот од Рим.