Таткото на Нејмар ја откри иднината на Нејмар


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Долго време се шпекулира за иднината на ѕвездата на ПСЖ, Нејмар, кој се поврзуваше со враќање во Шпанија, но не во редовите на Барселона, туку на нивниот вечен ривал Реал Мадрид.

Шпекулациите станаа поинтензивни по испаѓањето на ПСЖ од Лигата на шампиони, но неговиот татко ги запре сите шпекулации со неговата најнова изјава.

„Уште не сме ја завршиле сезоната, а сите зборуваат за тоа. Не стигнавме ниту до половина од договорот, такви шпекулации секогаш постојат, но навивачите може да здивнат, зашто Нејмар не сака да го напушти ПСЖ“, вели неговиот татко.

Ако може да му се верува на Бразилецот, сега и управата на клубот може да здивне и да се насочи кон нови засилувања на лето за наредната сезона, во која ќе се обидат повторно да стигнат до трофејот во Лигата на шампиони.