Баргесјан е нов фудбалер на македонскиот шампион


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вардар денес се засили со ерменскиот фудбалер, Тигран Баргесјан кој потпиша 1-годишен договор, а има опција за продолжување на уште една.

Баргесјан беше со Вардар на подготовските во Хрватска и со нетрпение очекува да излезе на терен во дресот на македонскиот шампион.

„Сега сум среќен што конечно можам да играм. Очекувам наскоро да дебитирам за Вардар. Ова за мене е прво искуство надвор од Ерменија, и ќе дадам се од себе да оставам силен впечаток. Знам дека амбициите на овој клуб се двојната круна и настапите во Лигата на шампионите идната година. Имав можност да ги гледам двата меча со Динамо и Вардар беше рамноправен, дури и подобар ривал. Тоа носи оптимизам, и се надевам на повеќе среќа следниот пат. Оваа екипа има потенцијал за успех не само во Македонија, туку и на меѓународна сцена. Имав можност да бидам дел од подготовките и можев да приметам дека Вардар напредува и веќе го следи теркот на гоелмите екипи со својот тренинг камп“, изјави Баргесјан.

Баргесјан пред Вардар играше за Гандзасар, Банантс и Мика. Ерменецот има одиграно и 3 натпревари за репрезентацијата на Ерменија и постигнато 1 погодок. Во Вардар ќе игра заедно со неговиот соиграч од репрезентацијата, Ховханес Хамбарџумјан.