Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Манчестер Јунајтед славеше многу тешка победа против Вест Хем на „Олд Трафорд“ со 2:1.
Со оваа победа „ѓаволите“ останаа во трката за четвртата позиција на табелата која води директно во Лигата на шампионите.
Избраниците на Оле Гунар Солскјер први стигнаа до водство со голот на Пол Погба од белата точка во 19. минута. Со овој резултат се замина на пауза.
Веќе на стартот на второто полувреме Вест Хем го израмни резултатот преку Фелипе Андерсон. Од тој момент „чеканите“ ја презедоа иницијативата, но Манчестер Јунајтед го постигна вториот погодок.
И вториот гол падна од пенал, а прецизен повторно беше Пол Погба. Рајан Фредерикс стартуваше врз Ентони Марсијал, а Погба беше сигурен егзекутор на ударот од белата точка.