Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Возачот на Мерцедес, Британецот, Луис Хамилтон победи денес за ГН на Кина во Шангај, трета трка во сезоната, а јубилејна 1000 во историјата на Формула 1.
Петркатниот шампион доминантно дојде до втората победа во низа во шампионатот, вкупно 75. во кариера, пред клупскиот колега Бпатас и Себастијан Фетел од Ферари.
Четвртаста позиција ја освои Макс Верстапен од Ред Бул, петти заврши вториот возач на Ферари Шарл Леклер, а бодови освоија Пјер Гасли, Даниел Рикиардо, Серхио Перез, Кими Рајконен и Албон.
Хамилтон води во генералниот пласман со 68 бодови, шест повеќе од Ботас, а трет е Ферстапен со 39.