Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Фенербахче, Елиф Елмас одигра фантастичен меч и постигна гол во дербито меѓу Фенербахче и Галатасарај (1-1) во турската Суперлига.
Галатасарај имаше водство на гостувањето кај Фенербахче, кој игра многу слабо сезонава, но сепак Елмас беше херојот на својата екипа, откако со погодок ги постави конечните 1-1.
По натпреварот македонскиот бисер кажа дека е многу среќен што играл во големото турско дерби.
„Среќен сум што играв во дербито и тоа за првпат. Мило ми е и што постигнав гол. Среќен сум што ја продолживме серијата, па се надевам на подобри резултати во иднина“, вели Елмас.
Интересно е тоа што на стадионот во Турција беа забележани скаути од седум европски гиганти, меѓу кои и тие на Лацио, Фиорентина и Тотенхем, кои покажаа интерес за услугите на Елмас.