„Дембеле е многу подобар фудбалер од Нејмар и тоа го знаев уште од првиот ден“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Претседателот на Барса откри.

Претседателот на Барселона, Бартомеу, беше под голем удар пред две години кога во клубот остана без Нејмар кој направи трансфер во ПСЖ.

Тогаш ПСЖ ја активираше откупната клаузула за бразилскиот играч од 222 милиони евра, а Нејмар многу лесно ги прифати условите кои ги понудија Парижаните.

После овој трансфер, Бартомеу наиде на многу критики од играчите кои го обвинија дека наводно „безгрижно“ го дозволи заминувањето на Нејмар. Бартомеу мораше експресно да реагира и вложи дури 140 милиони евра за трансферот на Дембеле од Дортмунд.

Претседателот на Барселона лесно се откажа од огромната сума на пари, а првата сезона на Дембеле треба да биде заборавена. Сепак, оваа година францускиот играч покажа дека се работи за неверојатен талент и дека Барса може да смета на него во иднина.

Јасно е дека овие пофалби најмногу му одговараат на претседателот на Барса кој изјави дека знаел дека Дембеле е подобар играч од Нејмар.

„Дембеле е подобар фудбалер од Нејмар. Тој е на повисоко ниво од него и експресно се вклопи во новиот тим. Знаевме што правиме и бевме свесни дека тој ќе биде големо засилување на Барселона, а посебно кога станува збор за иднината на овој тим“, рече Бартомеу.