Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
France Football денеска ја изненади фудбалската јавност со својата насловна страница на која се Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Угледниот француски магазин денеска шокираше многумина со насловната страница која се појави утринава како најава за наредното издание на нивниот магазин. На неа се Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои се „бакнуваат“ во страсна прегратка.
Оваа слика настана пред неколку години на улиците во Барселона кога уличниот уметник Tvboy го наслика овој графит на Каталонскиот шопинг центар.
Тогаш фотографијата ја разбранува фудбалската јавност, а истото го направија и France Football со својата насловна страница и на многумина не им е јасно зошто го направија тоа.
Тие одлучија на овој начин да го најават новиот број на магазин во кој главна тема ќе биде битката за тронот за најдобар фудбалер во светот во која учествуваат многу познати фудбалери.
Меѓутоа, јасно е дека фотографијата и самиот приказ на Меси и Роналдо предизвика голем скандал, додека за темата која ќе испадне во наредниот број на магазинот никој не прокоментира.
L'éternel débat entre #Ronaldo et #Messi à la Une du nouveau numéro de @francefootball !
▶️Le sommaire détaillé : https://t.co/96zGzGj0tf
▶️Disponible dès 18 heures ici : https://t.co/B3yMVmKZwC
▶️En kiosque mardi pic.twitter.com/gDeLFTpUka— france football (@francefootball) April 15, 2019