Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер сити синоќа славеше со 4-3 против Тотенхем во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони, но лондонскиот клуб се пласираше во полуфинале поради поголемиот број на голови во гости.
Во финишот од мечот се крена голема „прашина“ поради погодокот на Тотенхем, кој го постигна Фернандо Љоренте.
Речиси сите забележаа како Љоренте го удри топката во рака, а судијата Чакир остана „слеп“ на тоа, иако ја прегледуваше ВАР-снимката.
„Ова беше многу чуден меч. Не ја видов топката, зашто имаше многу фудбалери пред мене. Таа ме погоди во рака и низ телото се спушти во голот“, искрен беше Шпанецот.
Шпанецот исто така жали поради тоа што неговиот поранешен тим Јувентус бил елиминиран од Ајакс.
„Тешко ми падна елиминацијата на Јувентус. Сепак, Ајакс одигра одличен меч и заслужено се пласираше понатаму“, кажа Љоренте.