Судијата кој го оттргна Мората, заработи санкција… (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ејбар не успеа да го сопре Атлетико Мадрид изминатиот викенд, „Јорганџиите“ извлекоа минимална победа со погодокот на Лемар во самата завршница на мечот.

Она што покрај играта и резултатот привлече внимание на гледачите се интересните сцени кои беа видени помеѓу напаѓачот на Атлетико Мадрид и главниот судија на мечот, Алберола Рохас.

Тандемот се најде во близок судир кога Шпанецот направи фаул за кој беше убеден дека воопшто постои и му приговори на судијата на што Рохас одговори со благо оттурнување.

Тоа не беше крај на овој судир, бидејќи напаѓачот на гостите продолжи да приговата и се чини во еден момент заработи удар од страна на судијата, што ќе предизвика и казна потоа.

Судиската организација на Шпанија по пишувањата на Марка, Рохас ќе го стави на „мраз“ во следните две кола.

На судијата секако му следуваше одмор за 34. коло кое се игра оваа недела, но дополнително е казнет со уште еден меч поради споменатиот инцидент.

https://youtu.be/NPYuJT-9mxk