Така тоа го прави Мамиќ: Во Динамо стигнува најголемиот фудбалски бисер на Србија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После што Динамо Загреб избори ново учество во групната фаза од ЛШ, Здравко Мамиќ се одлучи малку и да купува, за разлика од досегашното продавање.

Во ова лето Мамиќ веќе заработи преку 50 милиони евра од продажба на своите најдобри фудбалери, но успеа да направи огромен успех и да се квалификува во групната фаза од најсилнорто клупско натпреварување во Европа.

Но, екипата мора да се засили во наредниот период, па Мамиќ денеска осигура големо засилување за својот тим.

И тоа, се работи за српскиот фудбалер кој освои златен медал до У-20 репрезентацијата Немања Максимовиќ кој игра во Астана.

Маријан Влак веќе отпатува во Астана каде што се наоѓа неколку дена и го завршува трансферот на српскиот бисер, пренесува „Вечерни лист“.