„Избркајте ги и донесе луѓе, кои гордо ќе го носат овој дрес!“


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната ќе се борат за пласман во Лигата на шампиони, а за таа цел им требаат што е можно повеќе бодови.

Иако по враќањето на Оле Гунар Солскјер на момент изгледаше дека клубот се враќа на победнички патеки, сепак цела среќа се урна кога тимот почна да игра катастрофално.

На „Олд Трафорд“ за наредното лето се најавуваат големи промени. Се шпекулира за многу фудбалери кои ќе заминат, но и се споменуваат имиња на потенцијалните засилувања.

„Ситуацијата е таква што не постои константност кај екипата. Погба, потоа голманот… Ми изгледа дека фудбалерите не сакаат да играат добро и не се трудат доволно. Ако сакате да си одат, пуштете ги и донесете фудбалери, кои со гордост ќе го носат овој дрес“, порача Стив Копел.