Играч на ПСЖ најави трансфер во Премиер лигата

Фудбалерот на ПСЖ, Томас Меуние ги подгреа шпекулациите дека ќе си замине од редовите на францускиот шампион следната сезона.

За белгискиот репрезентативец има сериозен интерес од Манчестер Јунајтед,  а самиот фудбалер потврди дека има желба да игра во Премиер лигата.

„Имам желба да играм во Премиер лигата, но не само таму. Има интерес од секаде. Дури и од Кина и Средниот Исток. Никоаш не сум го криел тоа“ –коментираше Меуние за „Лавенир“.