Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко(33) пред себе ќе има многу бурно лето.
Сигурно е дека босанскиот дијамант ќе ја напушти Рома, но ќе мора да донесе одлука каде ќе ја продолжи богатата кариера.
Во римскиот клуб одлучија на искусниот напаѓач да не му го продолжат договорот кој му истекува на лето во 2020 година, тоа е поради две причини: возраста(33) и висока плата(4.5 милиони евра).
Сепак, Џеко нема да има проблеми со пронаоѓање на нов клуб. Интер веќе одамна преговара со Рома за босанскиот фудбалер да премине на Џузепе Меаца. Оваа опција му е најдобра на Џеко.
Меѓутоа, вчера Gazzetta Dello Sport објави дека на адресата на Рома пристигнала понуда од германскиот великан Борусија од Дортмунд, кој се надева дека ќе успее да го засили својот состав со искусниот босански напаѓач.
Сепак понудата на Борусија не е единствена од германската Бундеслига. Интерес за Џеко покажа и тимот на РБ Лајпциг. Финалистот на Купот на Германија кој од наредната сезона сигурно ќе игра во Лигата на Шампионите смета дека 33 годишниот Џеко би им бил од голема помош.
Она што останува е Един да го направи својот избор, кој без сомнение ќе биде многу тежок. Германија ја памети по добро бидејќи пред десетина година со Волфсбург правеше чуда и ја освои Бундеслигата.
Сепак, фамилијата веќе се навикнала во Италија. Интер сега за сега делува како најприфатлива опција, но Неразурите не се спремни да понудат повеќе од 12 милиони евра за него, што е многу далеку од она што Рома го посакува(20 милиони).
Един Џеко веќе четири години е член на римскиот тим. Во Рома доживеа фантастични моменти, а во 172 одиграни натпревари тој има постигнато 86 погодоци.