Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот на Манчестер Јунајтед ќе претрпи значителни измени по крајот на оваа сезона, а многу од актуелните играчи до следната сезона ќе имаат нова средина.
„Л’Екип“ пренесува дека од таборот на Лион ја следат ситуацијата со Ерик Бејли кого сакаат да го ангажираат за сума од 35 милиони фунти.
Освен Бејли, од Лион ја разгледуваат опцијата во своите редови да го донесат и Виктор Линделоф, но тешко дека ќе се случи заминување на шведскиот фудбалер од Манчестер Јунајтед оваа сезона.
За репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска постои интерес и од таборот на Арсенал.