Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓
Италијанските медиуми шпекулираат дека Един Џеко на лето ќе ја напушти Рома, а секој ден се поврзуваат нови клубови со потписот на босанскиот напаѓач, но сега стигнаа и шпекулации за тоа кој може да го замени.
Веќе некоку добри имиња се поврзуваат со Рома, а сега германски „Билд“ пишува дека „волчицата“ е во борба за Макс Крусе.
Напаѓачот на Вердер Бремен има договор до лето, а германските медиуми пишуваат дека Рома веќе имала преговори со него.
Наводно, управата на Рома со Крусе веќе разговарала со условите на договорот, а доколку Германецот се согласи на условите, тогаш ќе стигне бесплатно на „Олимпико“.
Крусе сезонава одигра 34 натпревари за Вердер во сите натпреварувања, а постигна 11 голови и 14 асистенции.